ММС

Објавено на: 07/5/21 3:17 PM

Сочна чоколадна пита со вишни

Љубителите на чоколадните колачи и торти знаат дека една од најдобрите комбинации во слаткарството е всушност комбинацијата на чоколада и вишни.  Овошјето ја подобрува аромата и прави колачот да биде лесен и сочен, додека чоколадата му ја дава онаа неопходна хедонистичка нота, иако колачите со вишни може да се прават и тогаш кога не е сезона за ова овошје.

Потребни состојки:

4 јајца

500 грама шеќер

150 милилитри масло

250 милилитри млеко

300 грама брашно

1 ќесичка прашок за печиво

3 лажички како

500 грама вишни без семка

100 грама маргарин

Подготовка:

Изматете три жолчки со 300 грама шеќер. Во вака приготвената смеса додадете ги маслото, млекото, брашното, прашокот за печиво и какаото.

Во сад за печење премачкан со масло и наросен со брашно сипете половина од смесата па ставете кратко да се пече во рерна. Во меѓувреме изматете три белки,  додајте 100 грама шеќер и матете со миксер додека смесата не се соедини. Потоа во неа додајте ги исчистените вишни и сето тоа добро измешајте го со лажица. Извадете го садот за печење од рерна и додајте ги жолчките со шеќерот и вишните. Потоа вратете го садот повторно во рерна со цел филот од вишни малку да се испече. За кратко извадете го садот од рерна и врз филот сипете го остатокот од првично приготвената смеса. Печете се’ додека десертот не се оддели од рабовите на садот за печење. Оставете да се излади.

Во тенџерете ставете 1 јајце, 100 грама шеќер, 100 грама маргарин и 100 грама чоколада и сето тоа стопете го на тивок оган. Со оваа глазура, додека е врела, прелијте го изладениот колач. Нека отстои барем еден час пред да го послужите.

Пријатен апетит!

 

Фото: Илустрација / Designed by Freepik

Извор:    telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1