ММС

Објавено на: 07/5/21 2:56 PM

Секоја година се помал, повеќе открива отколку покрива – Костумот за капење слави 75 години постоење!

– Во 1946 година, еден париски инженер претстави „скандалозен“ костим за капење за дами. Што всушност откриваше повеќе отколку што криеше на плажа и базен.

Машинскиот инженер Луис Риар не можел да најде професионален модел кој би се согласил да ја носи неговата креација, па морал да ја ангажира стриптизетата Мишелин Бернардини за да го претстави својот нов костим за капење на 5. јули 1946 година.

Името на костимот за капење, сепак, не е случајно, според Дојче Веле.

Крацијата на овој инжинер предизвика револт кај многумина бидејќи т.н „чувари на моралот“ сметале дека пристојна жена,  треба да носи здолниште, а не толку бесрамно да ги покажува своите привлечности, пишува Дојче Веле.

Првиот филм за легендарниот британски агент Џејмс Бонд „Доктор  не“ се појави во кино салите во 1962 година, каде  за многумина најнапната сцена била  кога Урсула Андрес излегува  од вода само во бело бикини.

Тој момент ќе остане запаметен во историјата на модата под името „ Dr. No bikini“, конечно отворајќи ја вратата кон тој оскуден костим за капење.

Извор: Мондо.рс

Фото: Voge


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1