ММС

Објавено на: 07/5/21 2:30 PM

Од понеделник ќе може да се вакцинирате против корона и без закажан термин

Почнувајќи од 12 јули вакцинацијата против ковид-19 ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација, соопшти денеска Министерството за здравство.

Од Министерството посочуваат дека од 12 јули ќе може да се вакцинира секој граѓанин без оглед дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk .

-Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk  – информираат од МЗ.

Во денешното соопштение појаснуваат дека од 12 јули ќе може да се вакцинира секој граѓанин без оглед дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk .

-Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk , информираат од Министерството.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1