ММС

Објавено на: 07/5/21 2:13 PM

Џеф Безос се повлече од Амазон точно 27 години откако го основаше – Следна цел му е вселената

Во 2004 година „Амазон“ веќе била мултимилионска компанија, но Џеф Безос како нејзин основач сакал да помине два дена во сервисот за потрошувачи и со свои уши да слушне како некои од клиентите се жалат за одредени производи.

Следниот ден Безос пратил мејл во кој од вработените побарал поефикасно менување на оштетените производи со цел клиентите да бидат задоволни.

Точно 27 години после основањето на Амазон, Безос се повлече од директорската функција, но мотото на компанијата ќе остане исто: „За една компанија да биде успешна, мора да има среќни корисници по секоја цена“.

За Безос имаше многу критики и шпекулации Минатиот месец осамна вест во ПроПублика дека најбогатиот човек на светот не плати данок во 2007 и 2011 година, а некои медиуми тврдеа дека тој бил свиреп бизнисмен со монополистичко однесување.

Сепак, луѓето околу него тврдат дека тој е бизнис визионер – човек кој креирал легендарна работна филозофија и компанија вредна 1,8 трилиони долари.

Тој е фан на инженерството, иновациите, машините, вештачката интелегенција. Тој е опседнат со метриката затоа што е лидер во светот на логистиката. Но, критичарите велат дека опсесијата има човечки жртви посебно во магацините на Амазон. Многу работници се обидувале да направат синдикат, но обидите биле неуспешни, рекле дека се чувствувале како да се постојано под надзор од Џеф Безос.

Секогаш фасциниран од вселената, на 20 јули заедно со неговиот брат Марк, Џеф Безос ќе летне во вселената со првиот лет со екипаж кој ќе го направи неговата компанија Блу Ориџин. Петицијата да не му се дозволи на Џеф да се врати на Земјата достигнас 150.000 потписи.

Но, дали го сакате или не, Безос се покажа екстремно интелигентен и способен лидер – некој кој го променил начинот на кој компаниите оперираат низ светот.

извор и фото: BBC.co.uk

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1