ММС

Објавено на: 07/5/21 3:10 PM

Стела е жива, а на Битола не и треба шериф – Активисти ги однесоа доказите во полиција, а мајката се врати кај бебињата

Вчера целата јавност беше згрозена од настанот кој се случи во Битола, на улица 16-та во близина на Водовод. Постар битолчанец пукал во куче најверојатно со сачмарка. Очевидци кои биле сведоци на настанот, меѓу кои имало и деца, рекле дека битолчанецот е снимен како носи нешто завиткано во платно, што наликувало на пушка, и агресивно одговарал дека кучето ја нападнало неговата сопруга.

Лицето веднаш било пријавено од полиција, а полицијата му ја одзело пушката и истата ќе биде дадена на вештачење. Тој пред полицијата тврдел дека во платното носел две векни леб, а не пушка.

Активисти од Битола објавија дека сите докази се доставени до полиција, заедно со снимки и изјави. Велат дека ќе одат до крај, и дека не може никој да се однесува како „шериф“ во 21 век. Никој нема право да ја претвори Битола во место каде секој прави што сака, Битола била и ќе биде град на мирот и заштита на сите граѓани и суштества, велат активистите.

Од Здружението за заштита на животните од Битола „ARC“ на социјалните мрежи беше објавено дека среќа во целата несреќа е што кучето преживеало и успеало да се врати кај своите малечки.

-Сторителот лошо нишанел па Стела ќе биде за брзо супер! Има анемија поради тоа што изгубила многу крв и леукоцитоза поради отворените рани. Примена е терапија и сместена на безбедно заедно со бебушите!, велат од здружението.

Тие додаваат дека надлежните работат на случајот и се надеваат на позитивен исход. Инспектори земале примерок од извештајот на ветеринарот. Кучето Стела најверојатно било пукано со сачмарка поради големиот број на рани.

-Повеќе пати ја пукал, ова се гледа дека е крвнички и од монструм. На тој човек не само затвор, туку потребна е и установа и психијатри да се лечи. Малку фали таков човек кој дома има сачмарки да упука и некој сосед, велат активистите за заштита на животни.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1