ММС

Објавено на: 07/5/21 1:56 PM

(Видео) Како пресликани – Двојничката на Џенифер Анистон хит на социјалните мрежи!

Една корисничка на социјалната мрежа Тикток, Лиза Транел, потпишана на оваа мрежа како @she_plusthree, неодамна стана хит откако многумина забележаа дека неверојатно личи на познатата актерка Џенифер Анистон. Поради ова, Лиза во описот на профилот мораше да потенцира дека „таа не е Џенифер Анистон“.

На неодамнешното видео што го објави на таа платформа, Лиза имитираше сцена од серијата Пријатели, а ликот што го одбра да го имитира е Рејчел Грин, односно Џенифер Анистон. Корисниците на ТикТок не можеа да ја игнорираат сличноста со познатата актерка.

-Навистина мислев дека ова е Џенифер Анистон, се редеа коментари од ваков тип под видеото.

За три дена, таа собра над половина милион лајкови и повеќе од 10.000 коментари на ова видео.

Извор: Бизлајф.рс

 

@she_plusthreeYou know what I mean?♬ original sound – Friends


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1