ММС

Објавено на: 07/5/21 1:22 PM

Се намалува бројот на дипломирани студенти, лани 12,3 проценти помалку во однос на 2019 година

Во 2020 година на високите стручни школи и на факултетите во земјава, додипломски студии завршиле 12,3 проценти помалку студенти во однос на предминатата 2019 година.

Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, од вкупниот број дипломирани, 81,9 проценти се редовни, а 18,1 проценти се вонредни студенти.

Процентот на дипломирани студентки е 59,5. Од вкупниот број, 37 отсто дипломирале во рокот, додека 63 отсто дипломирале по рокот.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1