ММС

Објавено на: 07/5/21 11:05 AM

Ќе ја прифатиме резолуцијата на ВМРО ДПМНЕ таква каква што е, рече Костадин Костадинов, порпарол на СДСМ

На новинарско прашање дали СДСМ ќе ја прифати резолицијата предложена од ВМРО ДПМНЕ, денес на прес конференцијата портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов рече:

-Позициите на СДСМ во однос на македонскиот јазик и идентитет се кристално јасни и многупати досега потврдувани и кажани во јавноста. Македонските идентитетски линии им се јасни на сите и на нашиот народ и на целата меѓународна јавност. Доколку Христијан Мицковски и ВМРО ДПМНЕ не се сигурни во тоа, ако им треба потврда и во Парламентот, ние како конструктивно парламентарно мнозинство без никаков проблем може да направиме и таков чекор и ќе ја прифатиме резолуцијата таква каква што е каква што всушност и видовме од медиумите. Затоа што официјален предлог до нас како пратеници нема. Значи согласно Уставот, ВМРО ДПМНЕ треба официјално до секој пратеник  да ја испрати резолуцијата и секако ние, како одговорно мнозинство, ќе ја прифатениме таква каква што ја гледаме во медиумите. Со тоа би сакал да соопштам дека избиваат на површина буквално  сите лаги кои ги пласираа ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицковски во однос на национално предавство, во однос на загрозувањето на нашиот македонски јазик и идентитет. Со тоа уште еднаш испраќаме силна порака дека апсолутно македонскиот идентитет и јазик се затворена тема и треба да им биде јасно на сите. Со сигиурост нема да дозволиме македоснкиот идентитет да се користи за партиски препукувања и како одговорни политичари имаме обврска да го направиме. Македонскиот идентитет е светост која е повисока и поважна од рејтингот на Мицковски и ВМРО ДПМНЕ.  Испраќаме силна порака дека ќе работиме силно на интеграција во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет, рече Костадинов.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1