ММС

Објавено на: 07/5/21 10:56 AM

Се обидувам да верувам во подобро утре – Сергеј Четковиќ искрено прозборе за загубата на родителите!

Пејачот Сергеј Четковиќ (45) претрпе голема загуба на почетокот на годината кога во период од само една недела починаа неговата мајка Драгица и таткото Слободан, како последица на корона вирусот.

За прв пат, три месеци по нивната смрт, Четковиќ најде сила да зборува за тешкиот период што го остави зад себе и призна дека сè уште се обидува да се справи и да ја надмине болката.

– Денес, кога некој ќе ве праша како сте, тоа е поформално, но кога ќе прашате некого што го познавате, тогаш тоа има одредена тежина и значење – вака го започнал разговорот поп-пејачот, и открил како се справува со загубата.

– Целото наше семејство минува низ тежок период, секој од нас се обидува да излезе од него попаметно и подобро. Се обидувам да се справам со сè што ми се случи затоа што животот продолжува, а ние треба да живееме и да гледаме кон иднината. Се обидувам да верувам во подобро утре – изјавил за српските медиуми скршениот пејач, и истакнал дека спасот го нашол во работата.

– Работата генерално спасува луѓе, а јас сум еден од оние кои прават нешто нон-стоп и тоа ме одржува. Освен со музика, се занимавав и со други работи и имав среќа да се посветам на еден проект за деца. Го создадов анимираниот филм „Лола и Мила“, кој беше добро прифатен од публиката, и можам да кажам дека од една страна ме спаси од сето ова што ми се случи изминатиот период – искрено рекол Сергеј.

 

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1