ММС

Објавено на: 07/5/21 9:56 AM

Треба ли да се мерат антителата и ќе биде ли неопходна и трета доза вакцина – имунологот Попадиќ одговори на актуелните прашања

За третата доза вакцина многу се зборува, а можеби и на некои кои не се разбираат во процесот на вакцинација им е необично да слушнат дека по примени две дози доаѓа „уште една“. Меѓутоа тоа е стандардна пракса – вели проф. д-р Душан Попадиќ.

„Третата доза вакцина не е нешто за што размислам, јас сакам сите да ја добијат и првата и втората. Ако се случи тоа, никому не би му била потребна трета доза. Од друга страна, имунолошки гледано, третата доза не е нешто ново или посебно, тоа се прави и кај тетанус, хепатитис Б…Сите кои ги примиле тие вакцини знаат дека имало три дози. Не гледам на тоа како на проблем, имунолошки е исправно“, истакна имунологот во интервју за РТС.

Освен тоа, многу граѓани даваат пари за проверка на антителата во организмот, иако експертите предупредуваат дека тоа не е баш така едноставно. Антителата не се единствениот знак дека телото успешно се изборило со вирусот, ниту пак на обичниот човек му значи што било бројот кој го гледа на резултатите. Проф д-р Попадиќ се согласува дека не треба да се мерат антитела, а на прашањето како тогаш да знаеме дали сме заштитени, тој има едноставен одговор.

„Заштитени сме бидејќи сме примиле вакцина“, посочува тој.

 

Извор: modno.rs

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1