ММС

Објавено на: 07/5/21 9:32 AM

Половина од возачите на мотоцикли не користат кацига – казнети 218 возачи

Во текот на вчерашниот ден (04.07.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 218 возачи, известуваат од МВР.

Од нив, 59 возеле без возачка дозвола, 127 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1