ММС

Објавено на: 07/5/21 8:52 AM

Македонски граѓанин загина на Халкидики

Во сообраќајна несреќа на локалниот пат Муданиа-Палиоури на првиот крак на Халкидики, загина 22-годишен државјанин на Северна Македонија, откако од засега непознати причини, се превртел автомобилот, со македонски регистарски таблици, а неговиот сопатник е повреден – јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката полиција соопшти дека околу 6.20 часот во неделата на локалниот пат меѓу Муданиа и Палиоури на Халкидики се превртел автомобилот со кој управувал 22-годишен странски државјанин и загинал возачот, а неговиот 21-годишен сопатник, исто така странски државјанин е повреден.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за државјани на Северна Македонија, а автомобилот бил со македонски регистарски таблици.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1