ММС

Објавено на: 07/5/21 9:17 AM

Со лековити својства и сладок вкус, црешите летово нека бидат неизоставен дел од вашата исхрана

Познати се по бројните лековити својства и антиоксидативното дејство. Барем 200 грама цреши дневно претставуваат одлична превенција против многу болести. Ова овошје е полно со влакна, витамини и минерали. Црешите содржат антиоксиданси и фитохемикалии кои може да му помогнат на организмот во намалувањето на ризикот од цела лепеза болести.

Антиоксидансите штитат од слободни радикали

Црешите се полни со антoцијани, супстанци кои им ја даваат на црешите нивната препознатлива црвена боја. Антиоксидансите им помагаат на клетките да се заштитат од слободните радикали.

Фитохемикалиите ја намалуваат болката

Го заштитуваат организмот од потенцијални воспаленија и може да придонесат за намалување на болките при појава на артритис.

Само една чаша сок од цреши на ден може да ги намали болките во зглобовите.

Влакната како превенција за канцер

Црешите помагаат во намалување на ризикот од добивање рак на дебелото црево, влијаат врз губењето килограми, придонесуваат за чувство на ситост,  но го намалуваат и растот на шеќерот во крвта.

Витаминот Ц и калиумот го чуваат срцето и крвните садови

Црешите се извонреден извор на витамин Ц и калиум. Овој витамин е важен за колагенот и за метаболизмот на масните киселини. Кaлиумот може да го намали ризикот од покачен крвен притисок и мозочен удар, а во црешите го има повеќето отколку во јагодите или јаболката. Исто така го заштитуваат срцето и крвните садови, а особено се добри за капиларите.

 

Фото: Илустрација / Designed by Freepik

Извор: telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1