ММС

Објавено на: 07/5/21 8:20 AM

Талат Џафери ќе го отвори Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид

Во Охрид од денеска до 8 јули ќе се одржи годинешниот Балкански фестивал на народни песни и игри, една од најстарите и најмасовните културни манифестации од тој вид во земјата.

Јубилејното 60-то фестивалско издание ќе го отвори претседателот на Собранието на Северна Македонија, Таљат Џафери, а предвидено е пред публиката на сцената „Долни Сарај” каде ќе настапат учениците на фестивалот да се обратат уште и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и Горан Симоноски, директор на Центарот за култура „Григор Прличев”, кој е организатор на манифестацијата.

Првата вечер фестивалската сцена е резервирана за настапите на Ансамблот „Македонија” од Скопје, како и за Академското културно-уметничко друштво „Бранко Крсмановиќ” од Белград.

Наредните три дена на „Долни Сарај” пред охридската публика со игри и песни ќе се претстават уште и Културно-уметничкото друштво „14 Февруари” од Бања Лука, КУД „Дримкол” од Вевчани, Ансамбл „Студио фолклор” од Скопје. Инструменталниот состав „Ќустек” од Скопје, Фолклорниот анасамбл „Никола Ѓурковиќ” од Котор, КУД „Јане Сандански” од Неготино, Друштвото „Плус Денс” од Елбасан, КУД „Бисер” од Кичево и Фолклорниот ансамбл „Бисери” од Охрид.

Во рамки на манифестацијата ќе биде промовирана и монографијата „60 години Балкански фестивал на народни песни и игри” на авторот Милчо Јованоски.

Сите настани се организирани согласно здравствените протоколи за заштита од коронавирусот, а влезот на посетителите е слободен.

 

МИА

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1