ММС

Објавено на: 07/5/21 7:21 AM

Возачи внимателно! Во прекин сообраќајот Кичево-Охрид поради минирање

Денеска на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с.Врбјани, поради минирање, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12:00 и 15:00 часот, во времетраење од 15 до 20 минути, информираат од АМСМ.

Регионалниот пат Р-2332 Ресен – Охрид (преку Галичица) е отворен за сообраќај. Од АМСМ со препорака до возачите да пристапуваат внимателно на овој патен правец поради можната појава на помали одрони.  Екипи на ЈП Македонијапат на овој патен правец вршат градежни работи чистење на банкини, косење и кастрење на гранки на делот од Царина до Трпеица


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1