ММС

Објавено на: 07/4/21 10:43 PM

Направена маска која за 90 минути во здивот го детектира корона ворусот

Тим истражувачи од Институтот за технологија во Масачусетс и Универзитетот Харвард дизајнираа прототип маска која открива присуство на коронавирус во здивот.
Технологијата се заснова на сличен начин за дијагностицирање на вирусот ебола и зика, кој беше развиен во средината на последната деценија од професорот по инженерство на МИТ, Џејмс Колинс.

Колинс подоцна смислил систем за сензори за откривање на нуклеински киселини. Неговиот тим научници веќе работеше на развој на преносни сензори, како што се маски, кога минатата година избувна пандемијата на коронавирусите.
Затоа тие ги насочија своите напори на маски кои откриваат ковид, а напредокот на тоа поле го објавија во медицинското списание “Nature Biotechnology”.

Ситни сензори, соодветно наречени „шерлоци“, вметнати се во маската за да можат да детектираат честички на вирусот во здивот. Лицето кое носи маска мора да го притисне копчето што започнува процес на тестирање.

Резултатот е готов за 90 минути и може да се види само од внатрешноста на маската, заради приватност.

„Замислуваме дека ваков систем може да стане носен биосензор за медицински работници, пожарникари, полиција и други јавни службеници“, изјави Колинс за МИТ њуз.

Извор и фото: b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1