ММС

Објавено на: 07/4/21 9:21 PM

Се радувавме и тагувавме заедно – Како изгледал на 11 години и какво детство имал Здравко Чолиќ

Најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ и ден денес ги полни концертите. Својот приватен живот го крие, но за детството зборува. На Фејсбук се појави фотографија од неговото детство. Во тоа време, кога е направена фотографијата имал само 11 години, а едно време за своето детство зборуваше дека било среќно и дека го памети по убавите моменти.

“Се сеќавам како се собиравме во Требиње кај баба и дедо додека не тргневме на училиште и како добивавме подароци од роднини, пријатели и соседи. Беше поинакво време, луѓето беа безгрижни, па затоа и поотворени едни кон други. Преку улицата си довикуваа на кафе или ручек, спиеја едни кај други, се радуваа и тагуваа заедно. Тоа, за жал, денес се смени. Бевме многу среќно семејство иако живеевме со една плата, на татко ми. Тој работеше во државна служба, така што не можевме да го славиме Божиќ во тоа време како што се прави денес, но затоа секогаш бевме среќни да го чекаме млекарот од селото, каде се славеше празникот со сите обичаи и кој ни носеше млеко и новогодишни подароци “.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1