ММС

Објавено на: 07/4/21 7:15 PM

(Видео) Греота е градите да ми бидат бели – Сузана Гавазова топлес во Грција

Фолк пејачката Сузана Гавазова со сопругот и двете ќерки замина на викенд во Грција и од таму изненади со топлес фотографија. Ова не е прв пат згодната пејачка да објавува разголеми фотографии, но е прв пат топлес. Сузе и покрај тоа што роди две деце има совршена фигура, па нормално е да се слика толес и тоа да изгледа убаво.

-Со семејството дојдовме на викенд на третиот крак, бидејќи на одмор ќе одиме во Хрватска малку подоцна. Денес имавме преубав ден на плажа со семејството и малку повеќе се опуштивме. А и зошто да не, Јасмин ми е сопруг а и што е срамота да си топлес. Јас топлес се сончам секогаш, секако не на јавни плажи ако нема никоја друга соблечена. Греота е градите да ми бидат бели а јас целата поцрнета од сонцето, рече Сузе за ММС и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana (@suzanagavazova)


– Порано сум одела и на нудистичка плажа и тоа во Варна. И баш е убаво. Навистина уживам. Само ако нема можност на плажа наоѓам некое местенце попразно. И во Охрид сум се сончала топлес ама на дива плажа, кај што нема луѓе. Не разбирам зошто мораме да се криеме и зошто голи женскио гради се срамота. Ако можат мажите можеме и ние, рече пејачката за ММС.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana (@suzanagavazova)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1