ММС

Објавено на: 07/4/21 6:29 PM

Најстариот маж на светот се спрема за 113 роденден и открива што е клучно за среќен живот

Емилио Флорес Маркез од Порторико, кој има 112 години, постави нов  Гинисов рекорд и е прогласен за најстариот маж на светот.

Само неколку недели пред 113 роденден Емилио официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди, како најстар маж на светот.

Маркез е роден на 8. август 1908 година во Каролина, Порторико.

Тој е најстарото дете од вкупно 11 и во текот на детството бил задолжен за многу домашни работи и помагал во одгледувањето на помладите браќа и сестри. Како прв син во фамилијата му помагал и на татко му во одгледувањето шеќерна трска.

– Бев најстар од сите и така успеав да работам се, да чистам, да се грижам за момчињата..за се, вели Маркез кој најмногу се занимавал со земјоделство, кое било основен извор на приходи во семејството.

Маркез бил во брак со Андреа Перез 75 години, се до нејзината смрт во 2010 година. Парот добил четири деца, пет внуци и пет правнуци.

Моментално живее во Рио Пиедрас во Порторико, со неговите две живи деца, Триса и „Милито“.

Неодамна го изгубил слухот, има и пејсмејкер кој му е вграден кога имал 101 година, но се уште е јак и во добро здравје, се наведува во соопштение од Гинисовите рекорди.

Познат под надимакот „Дон Мило“, Маркез како клучно за среќен живот го наведува изобилството на љубов и да се живее без лутина.

– Татко ми не растеше со многу љубов, секогаш ни зборуваше  дека треба да правиме добро и се да делиме со другите, велат членовите на неговото семејство.

 

извор: си-ен-ен


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1