ММС

Објавено на: 07/4/21 5:17 PM

Американската амбасада во Скопје вечерва со виртуелна прослава за Денот на независноста

Амбасададата на САД во Република Северна Македонија денеска организира прослава по повод државниот празник 4 Јули- Денот на независноста. Ова е второ виртуелно одбележување на 245-от роденден на американсата нација од прогласувањето на независноста.

Прославата ќе биде пренесувана директно на фејсбук страницата на Амбасадата и на ТВ Канал со почетокот во 20:40 часот. Оние кои се во Скопје ќе можат да го видат и традиционалниот огномет по повод 4 Јули, на Калето во 21 часот.

Помошник-државниот секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија, Филип Рикер, на завршната прес-конференција од првото издание на „Преспа Форум Дијалог” во Охрид порача дека САД ги препознава спроведените реформи во Северна Македонија, а поддршката на присоединувањето на земјата кон Унијата го посочи како елемент на американската надворешна политика.

– На сите билатерални состаноци што ги водевме тука во Охрид заедно со колегата Метју Палмер ја поздравивме препораката од март минатата година ЕУ да отпочне преговори за пристапување на Северна Македонија и на Албанија, како признание за спроведените реформи. Пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ ќе ја зголеми регионалната, но и стабилноста во Европа, како и економските врски во рамки на трансатлантското партнерство. Тоа беше и елемент и на надворешната политика на САД години наназад. Последните одлуки што ги блокираа интегративните процеси на Северна Македонија го поткопуваат кредибилитетот на ЕУ во регионот и во меѓународни рамки. Тоа испраќа погрешен сигнал и зајакнува некои перцепции дека ЕУ го напушта регионот. Не верувам дека тоа е така и затоа порачавме дека е потребно неодложно отпочнување претпристапни преговори и за Северна Македонија и за Албанија, рече Рикер.

По однос на стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија, тој истакна дека земјата треба да гледа на САД како на најдобар пријател што е можно кога станува збор за меѓународни односи на две држави.

Денот на независноста се слави во спомен на 4 јули 1776 година, кога е усвоена Декларацијата за независност, со која се прогласи независност од Велика Британија.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1