ММС

Објавено на: 07/4/21 2:22 PM

Четири нови случаи на ковид во последното деноноќие

Четири нови случаи на коронавирус се регистрирани во последното деноноќие од направени  2.760 тестирања.

Од новите случаи два се од Тетово и два од Скопје.

Денеска како што соопшти Министерството за здравство, не се регистрирани починати пациенти.

Регистрирани се шест оздравени пациенти од: Велес и Кичево – по два, Битола и Свети Николе – по еден.

Досега во земјата се направени вкупно 890.381 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.710, бројката на оздравени пациенти е 150.073, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 151.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1