ММС

Објавено на: 07/4/21 2:17 PM

Најмалку 29 лица загинаа при пад на воен авион на Филипините

Најмалку 29 лица загинаа денеска во авионска несреќа на Филипините, кога авион на военото воздухопловство кој превезувал војници се сруши при слетувањето и се запали, предизвикувајќи ја најголемата воена воздушна катастрофа во земјата во последните 30 години.

Сликите од лице место покажуваат густ пламен и чад од остатоците на авионот расфрлани меѓу дрвјата.

Транспортниот авион Локхид Ц-130 кој превезувал 96 лица, главно војници тренирани за контра бунтовнички операции, се урна во крајната јужна провинција Сулу.

– Беа извлечени 29 тела, а 50 лица се пренесени во болница, додека за 17 нема информации, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека се уште има надеж за преживеани.

– Голем број војници беа видени како скокаат од леталото пред да удри во земјата, поштедувајќи се од експлозијата предизвикана во несреќата, се вели во соопштението на единицата Здружени работни сили Сулу.

Воениот началник Цирилито Собејана изјавил дека авионот ја промашил целта обидувајќи се да ја врати моќта.

Воениот портпарол полковник Едгард Аревало изјавил дека немало траги од никаков напад врз авионот, но оти истрагата за несреќата допрва треба да започне и напорите се насочени кон спасување и лекување.

 

извор:ројтерс
фото: понодохан тв/ фб


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1