ММС

Објавено на: 07/4/21 12:20 PM

На Табановце се чека околу половина час за влез во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека од 30 до 40 минути, а на останатите нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1