ММС

Објавено на: 07/4/21 10:49 AM

Бразилците протестираат против лошите политики на Болсонаро за справување со ковид пандемијата

Десетици илјади Бразилци синоќа ги наполнија улиците барајќи оставка од претседателот Жаир Болсонаро и повеќе вакцини за борба против коронавирусот, во земјата која има најголем број жртви како последица од ковид, веднаш по САД.

Незадоволството на граѓаните се зголеми и откако во петокот Врховниот суд одобри отварање истрага за Болсонаро за наводни неправилности при набавка на вакцина развиена во Индија.

Тој е сомничи дека не пријавил обид за корупција во купувањето на индиските вакцини „Коваксин“.

Иако протестите беа првично закажани за 24 јули, беа забрзани откако доказите за неправилности во врска со договорот за вакцини беа презентирани пред Комитетот на Сенатот, кој го истражува управувањето на федералната влада со пандемијата.

Ковид кризата во Бразил се издолжи и поради бавното вакцинирање.

До два часот по локално време, како што пренесуваат локалните медиуми, на протестите беа излезени илјадници луѓе во најмалку 13 главни градови. Демонстраци беа закажани во 315 градови и 15 држави.

 

извор: ројтерс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1