ММС

Објавено на: 07/3/21 9:00 PM

(ВИДЕО) Навивачите едноставно „полудеа“: Еуфорија на улиците на Данска по пласманот во полуфиналето на ЕУРО 2020

За првпат по скоро три децении репрезентацијата на Данска се пласираше во самата завршница на еден голем интернационален турнир. Победата над Германија во финалето во Гетеборг во 1992 година и освојувањето на Европското првенство, во голема мера ја шокираше фудбалската јавност, особено ако се земе предвид на кој начин дојдоа до посакуваниот трофеј (влијанието на политиката и исклучувањето на Југославија од Европскиот шампионат).

Триесет години потоа, цврстите и одлучни Скандинавци решени се да направат уште еден подвиг и два финални исчекори. Бавниот старт во групите воопшто не навестуваше дека Данска ќе биде еден од четирите полуфиналисти на овој одложен континентален шампионат, а уште повеќе дека Данска ќе стигне до „Вембли“ со убедлива игра и теренска надмоќност врз своите опоненти.

 

Огромната победа над Чешка, на улиците на Копенхаген беше прославена онака како што доликува. Еуфорично, со многу изблици на среќа и радост, прегратки и „дожд од пиво“.

„Студените Данци“ можеби го заслужуваат тој епитет за други сфери во животот, но кога се работи за фудбал – е тука мора да има исклучок.

 

 

Фото:

Twitter / @goal / Screenshot


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1