ММС

Објавено на: 07/3/21 8:27 PM

(Видео) Претажно! Кој си игра со животот на Бритни Спирс, револтирано коментираат обожавателите за катастрофалната снимка

Последната објава на Бритни Спирс на Инстаграм, неколку часа пред судијата да го одбие нејзиното барање таткото на пејачката Џејми Спирс да биде ослободен од должноста старател и музичката ѕвезда да добие целосна контрола врз животот, финансиите и кариерата, предизвика бурни реакции од нејзините следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

– Ова видео е направено пред неколку дена. Прв пат по долго време танцував во потпетици … Мојот нов проект – стои во описот на видео клипот на кој танцува Бритни.
Скоро сите снимки на Инстаграм профилот на пејачката во последните две години се опишани како чудни и непријатни за гледање.

Сепак, обожавателите заради нејзината облека заклучија дека видеото е старо неколку години и сега се поставува прашањето – дали Бритни воопшто го води својот профил на Инстаграм или дали нејзините старатели прават сè.
„Снимката е направена пред една година“, „Па, таа ја носеше оваа облека истата година во еден пост“, „Нема шанси да има пристап до овој налог“, „Некој се обидува да не измами сите нас, но не му успева “,„ Нема шанси Бритни да стои зад овој профил “, напишаа скептичните обожаватели во коментарите.
„Ние го сакаме името на судијата“, „Некој сигурно и платил на судијката, како можеше да и го направи ова?“, „Бритни, не грижи се, за тебе доаѓа слобода“, пишуваат во коментарите.

Снимката е прегледана повеќе од три милиони пати за 10 часа од нејзиното објавување.
Судија во средата потпиша пресуда со која Џејми Спирс, таткото на Бритни, сè уште е нејзин официјален старател и има контрола над нејзиниот живот. Деталите за пресудата сè уште не се објавени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1