ММС

Објавено на: 07/3/21 6:35 PM

Србија пред прагот на Олимпијадата во Токио, против Порторико броеше до „стотка“

Србија се наоѓа пред прагот на Олимпијадата во Токио, откако ја совлада убедливо селекцијата на Порторико со 102:84 во полуфиналето од квалификациите во Белград и закажа финале со Италија.

Кошаркарите на Игор Кокошков сигурно „газат“ пред себе и не даваат простор за изненадувања, иако се соочуваат со разни отсуства и повреди во пресрет на Олимписките игри.

Освен во третата третина, која беше поприлично и играчки и резултатски изедначена, „орлите“ во текот на целиот двобој го контролираа темпото, недозволувајќи секогаш незгодните Порториканци да извлечат нешто повеќе.

МВП-то во сезоната 2020/2021 во Евролигата, Василије Мициќ, беше играчот број еден кај Србите, забележувајќи 21 поен и осум асистенции, а веднаш за него се најде некогашниот кошаркар на Фенербахче, Немања Бјелица. Бек-шутерот постигна 18 поени, седум успешни скокови и една асистенција. Кај поразените, Пинеиро ја предводеше скорерската листа со 23 поени, додека пак Кондит и Клавел имаа по 20 односно 17 поени на свое конто.

Во второто полуфинале, Италија ја совлада Доминиканската Република исто така убедливо (79:59).

 

 

Фото:

Twitter / @FIBA


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1