ММС

Објавено на: 07/3/21 2:05 PM

Шест нови случаи со Ковид-19, починати нема

Во последните 24 часа се направени 3.028 тестирање, а регистрирани се шест нови случаи на КОВИД-19, по два во Скопје, Битола и Кичево – по 2. Не се регистрирани починати, ниту оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Направени се 3.028 тестови преку: ИЈЗ-95, ЦЈЗ Скопје-22, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-32, ЦЈЗ Тетово–7, ЦЈЗ Куманово–17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–14, МАНУ-47, Жан Митрев (Филип Втори)-68, Авицена-173, Биотек-188, Систина-74, лабораторија Лаор-197, Синлаб-33, Ремедика-30, Плодност–34, Генеа–16, Никоб лаб-565, ВФВ Медикал-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1332.

Досега во земјата се направени вкупно 887.621 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.706, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 153.

МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1