ММС

Објавено на: 07/3/21 1:32 PM

Денеска очекувајте порака за вакцинација: Министерство за здравство испраќа известувања до сите пријавени

Министерството за здравство ја информира јавноста дека националниот систем Мој Термин и во текот на денешниот ден испраќа известувања до граѓаните кои се пријавени за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk.

-Термини за вакцинирање се креираа синоќа до 22 часот, како не би се вознемирувале граѓаните доцна во ноќта со испраќање пораки, истите се испраќаат и во текот на денот. Освен известување на мобилен телефон, граѓаните може известување да добијат и на нивната меил адреса, а може да проверат за термин и на vakcinacija.mk, известуваат од Министерството за здравство.

Сите граѓани кои изразиле желба за вакцинација ќе се вакцинираат, процесот оди многу брзо, а располагаме и со голем број вакцини. Периодов ќе пристигнуваат дополнителнтелни пратки вакцини кои ги купивме во директни преговори со Фајзер, Спутник В како и вакцини купени преку Ковакс механизмот, велат од МЗ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1