ММС

Објавено на: 07/3/21 12:31 PM

Спас за жештините – Ладна супа од краставица

Кога надвор температурата е над 35 степени, таа совршено одговара за разладување, а за подготовка ќе ви требаат само неколку минути.

Потребни состојки:

1 краставица

1 авокадо

половина лажичка сол

половина лажичка шеќер

сок од 1 лимета

прстофат бибер

Подготовка:

Авокадото исчистете го, краставицата добро измијте ја и немојте да ја лупите. Ставете ги краставицата и авокадото во блендер и миксирајте додека смесата не се изедначи, без крупни парчиња. Додадете сол, бибер, шеќер и сок од лимета. Изладете во фрижидер и послужете.

Извор: Рецепти.жена.блиц.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1