ММС

Објавено на: 07/3/21 11:12 AM

Почина 50-годишен Штипјанец, откако се повредил на работа

Вчера во СВР Штип е пријавено дека околу 10.00 часот на пристапен пат во близина на асфалтната база на место викано „Ежово Брдо“, Г.М.(50) од Штип се повредил при извршување на работни задачи, додека управувал товарно возило „мерцедес бенз“, со штипски регистарски ознаки, информираат од МВР.

Тој бил пренесен во Клинички центар Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, а потоа транспортиран кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, при што починал при транспортот.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1