ММС

Објавено на: 07/3/21 11:02 AM

(ВИДЕО) Пробајте ја новата „пионерска“ велосипедска патека на Водно

Станува збор за патека која започнува од Полициската станица на Водно во должина од 3,5 километри, ширина 3 метри и која е наменета само за во еден правец (нагоре), а како крајна дестинација е Средно Водно.
„Еве предлог идеја како да ги искористите претпладневните часови од викендот.
Посетете ја првата uphill off road велопатека на Водно што е со вкупна должина од 3,5 км. Оваа велосипедска патека е совршената дестинација за сите љубители на природата кои сакаат вистински предизвици“, напиша во објавата скопскиот градоначалник, Петре Шилегов на Фејсбук.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1