ММС

Објавено на: 07/3/21 10:22 AM

Грда слика за државата – Гостинка на „Преспа форумот за дијалог“ завршила во болница

Соработничката за истражување на универзитетот Оксфорд, Тена Прелец, која во моментов е во Охрид на „Преспа форум за дијалог“ завршила во болница. Таа на својот Твитер профил  сподели дека во градот на УНЕСКО, ја каснало куче и завршила во болница.

-Прв пат во Брза помош. Ме касна куче скитник. Благодарам на охридските лекари и до Линда од МНР, напиша меѓу другото Прелец.

Охрид во моментов е домаќин на „Преспа форум за дијалог“, на кој учествуваат високи гости од Европа и светот, а е полн и со туристи, кои по една година пауза се враќаат во градот на охридското крајбрежје. Кучињата скитници не се само проблем на балканскиот Ерусалим или градот на УНЕСКО, туку и на целата држава.  Три децении ниедна надлежна институција, ниту пак власт  не се погрижи да се реши проблемот со уличните кучиња. Секојдневно се случува каснување од куче скитник, па кога ќе настане проблем реагираат само Здруженијата за заштита на животни, бидејќи за најголеми виновници за проблемот се прогласуваат токму кучињата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1