ММС

Објавено на: 07/3/21 9:48 AM

Поцков: Во најголемиот ек на пандемијата во казино бизнисот во Гевгелија се отпуштени 850 работници

Гевгелија како погранична општина е една од општините која што претрпе најмногу економски штети во екот на корона кризата.

Ако пред короната според Агенцијата за вработување која води евиденција за општините Гевгелија, Дојран и Богданци имало само 560 невработени, сега податоците велат дека бројката е зголемена на 2000 невработени лица, изјави градоначалникот на општина Гевгелија, Сашко Поцков, во емисијата Стадион на Канал 77.

„ Од оваа вкупна бројка на невработени, 850 лица се отпуштени во казинскиот бизнис,“додава Поцков.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1