ММС

Објавено на: 07/3/21 8:33 AM

Возете внимателно – казнети 212 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 212 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 36 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 13 за возење без возачка дозвола.

Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, пет за возење под дејство на алкохол, пет за непрописно престројување, 60 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1