ММС

Објавено на: 07/2/21 10:54 PM

Никој не знаеше дека е бремена: Познатата актерка стана мајка

Актерката Амбер Херд (35) на Инстаграм ја сподели веста дека стана мајка.

“Многу сум возбудена што ја споделувам оваа вест со вас. Одлучив да имам дете пред четири години. Сакав да го сторам тоа под свои услови”, напиша Амбер, откривајќи дека својата ќерка ја нарекла Оонаг Пејџ.

„Таа е почеток на остатокот од мојот живот“, напиша таа во објавата.

Извори блиски до актерката откриле дека нејзиното бебе е родено од сурогат мајка откако актерката дознала дека не може да биде мајка.

“Таа секогаш сакаше да стане мајка и сега и се исполни најголемата желба. Таа е многу благодарна на убавата жена која и помогна Оонаг да дојде на свет”, изјави изворот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)

Иако Амбер само што ја откри веста, малата Оонаг е родена на 8 април.

За потсетување, Амбер помина низ тежок развод со Џони Деп, со кого со години се влечеше на суд откако го обвини за злоставување.

Амбер и Џони беа во брак од 2015 до 2017 година.

Извор: Жена.блиц.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1