ММС

Објавено на: 07/2/21 7:52 PM

Поради неа ќе се разведеа: Како изгледа жената со која Бекам ја изневери Викторија

Пред неколку години, како бомба одекна веста дека Дејвид Бекам ја изневерил сопругата со неговата асистентка Ребека Лос.

Уште во 2004 година целиот свет зборуваше за кризата во бракот на Викторија и Дејвид Бекам поради наводната врска на фудбалерот со неговата лична асистентка Ребека Лос.

Откако беа објавени фотографии во медиумите во кои тие беа многу блиски едед со друг, Бекамови итно дадоа изјава за медиумите во која негираа какви било проблеми во бракот. Сепак, подоцна се дозна дека истата вечер, Дејвид и Ребека заедно го напуштиле клубот и се упатиле кон неговиот апартман.

Како што тогаш тврдеше добро информиран извор, Бекам веќе уште во автомобилот започнал да се бакнува со својата асистентка. За нивниот однос се дозна неколку дена подоцна, а револтираната Викторија ја повика Ребека и се закани да се држи подалеку од нејзиниот сопруг.

Викторија и Дејвид го надминаа скандалот, а Ребека ги искористи нејзините 5 минути слава. Таа позираше за списанието Плејбој, но учествуваше и во реални шоуа. Сепак, таа не сакаше да биде единствената виновна за сè, па затоа реши да ги соблече „розовите очила“ за проблемот со Бекамови, а целата приказна за измамата ја продаде на медиумите.

Поради сето тоа, таа остана без работа, а Дејвид остро се огради од целата приказна.

 

Фактот дека „кучиња лаат, а караванот си врви“, и дека сè се заборава по некое време, потврдува и тоа дека Ребека денес е во среќен брак и има два сина. Таа сега работи во центарот за тестирање на Ковид-19, но и како инструктор по јога.

Планира дополнително образование со цел да стане медицинска сестра, бидејќи, како што вели, сака да им помага на луѓето и се чувствува корисно.

Бекамови денес уживаат во среќен брак, иако со години кружеа вести за нивниот развод. Нивниот најстар син Бруклин е верен со моделот Никол Пелц, а неодамна на својата сакана и подари луксузна вила.

Извор: Новости.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1