ММС

Објавено на: 07/2/21 7:07 PM

Не се знае која е поубава – Моника Белучи со своите ќерки на прошетка низ Портофино

Моника Белучи, една од најубавите жени во светот, со години успешно ги крие своите деца од љубопитните погледи на јавноста.

Актерката ги изненади сите кога со своите ќерки од бракот со Винсент Касел Леона (11) и Дева (16) прошета низ италијанскиот град Портофино.

Вниманието на сите го привлече изгледот на нејзината ќерка Дева, која освен што личи на мајка си, тргна по нејзините стапки и се занимава со манекенство.

Иако многумина коментираат дека таа ја наследила убавината од нејзината мајка, други додаваат дека таа е уште поубава од неа и дека наследила одлични гени.

Извор: Новости.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1