ММС

Објавено на: 07/2/21 6:44 PM

Делта сојот пристигна во Босна: Заболен аџија, уште неколку случаи сомнителни

Во Босна и Херцеговина е потврден делта-сојот на корона вирус, а станува збор за аџија од Меѓугорје, потврдила за „Независне“ Лана Салихефендиќ, генетичар од генетскиот центар Алеа во Сараево, каде беше секвенциониран овој нов сој на вирус.

Според неа, аџиите кои пристигнале во Меѓугорје биле тестирани, а од 100 примероци, пет биле позитивни на вирусот корона.

– Издвоивме уште неколку кои беа сомнителни и открија дека не станува збор за британска линија и пристапивме кон секвенционирањето и утврдивме дека еден примерок е 100 процентно потврден на делта сојот на вирусот корона. Останатите сè уште не се потврдени, но веруваме дека има уште – изјави Салихефендиќ.

Извор: Информер.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1