ММС

Објавено на: 07/2/21 6:09 PM

Османи на средба со Рикер и Палмер: Стартот на преговорите со ЕУ не смее повеќе да се одложува

Денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во Охрид се сретна со Филип Рикер, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и со Метју Палмер заменик помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот.

На средбата беше разговарано за  унапредувањето на односите со САД, регионалната соработка, остварувањето на надворешно-политичките приоритети на Република Северна Македонија, интеграцијата во ЕУ.

„За нас САД се наши долгогодишни стратешки сојузници и партнери. Новиот пристап на американската администрација, за повторно заживување на трансатлантското партнерство, ни создава многу можности што треба да ги искористиме за да ја поттикнеме регионалната стабилност. Како двајца сојузници во НАТО, целта е да ги зајакнеме нашите односи во областите на безбедноста, одбраната, демократското функционирање на институциите, борбата против глобалниот тероризам, слободната пазарна економија и да ги прошириме на можностите за деловните активности на двете земји“, истакна Османи.

На средбата, на маса беше ставено и европското досие на Северна Македонија, при што беше посочено дека одлуката за официјален старт на преговорите со ЕУ не смее повеќе да се одолжува од причина што земјата ги има исполнето сите потребни услови и критериуми за да тоа се случи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1