ММС

Објавено на: 07/2/21 3:57 PM

Северна Македонија е европска земја, процесот на пристапување кон ЕУ ќе помогне да се положат темели за попросперитетни и мирни времиња, рече Рикер

Визијата на САД за Западен Балкан е постојана, низ неколку администрации и повеќедецениска. Ова е европска земја и процесот на пристапување кон ЕУ ќе помогне да се положат темелите за попросперитетни и мирни времиња, изјави вршителот на должност помошник државен секретар за Европа и Евроазиски прашања на САД, Филип Рикер.

-Посебна прилика е да се вратам овде, двапати имав мандат како амбасадор во оваа земја и задоволството е големо. Визијата на САД за Западен Балкан е постојана низ неколку администрации. Идејата е да се постигне регион кој има внатрешни мирни односи и мирни и добро односи со соседите, целосно интегриран во ЕУ. Администрацијата на Бајден е целосно фокусирана на ревитализација на трансатлантската врска. Република Северна Македонија е Европа. Ова е европска земја, кога долетувам овде доаѓам во Европа и тоа не е вкоренето само во историја, туку и во географија. Процеосот на пристапување кон ЕУ ќе помогне да се положат темелите за попросперитетни и помирни времиња засновани на демократски принципи и начела, рече Филип Рикер на „Преспа форум за дијалог“.

Тој додаде дека САД ги поткрепува земјите членки на ЕУ да ја одржат првата меѓувладина конференција со Република Северна Македонија и Албанија без одложување и да ги остварат своите заложби и ветувања, како дел од продолжената поддршка на САД.

Рикер не се сомнева дека овој „Преспа форум за дијалог“ ќе биде важен чекор во унапредувањето на регионалната соработка.

Премиерот Зоран Заев, уште еднаш на заедничката прес-конференција истакна дека за некои прашања не може да се преговара. Според него Брисел треба чесно да се соочи со ситуацијата во која е ставена стратешката определба за проширување на Европската Унија.

-Ја имаме поддршката од САД во овој поглед. Едногласни сме дека унапредувањето на регионалната соработка е неминовна за европеизација на Балканот. Наш подеднакво важен интерес е интензивирањето на одличните билатерални, политички и економски односи со САД. Договорот за Стратешко партнерство од 2008 е еден од фундаментите за градење поблиски врски, вели Заев.

Фото:

Преспа форум за дијалог / Livestream / Screenshot

д.ј


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1