ММС

Објавено на: 07/2/21 3:15 PM

Платата на Игор Ангеловски од 191.000 евра е најмалата на Еуро2020

Довчерашниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски кој ја водеше нашата земја на првото Европско првенство од осамостојувањето на државата, имал најниска плата од сите селектори кои учествуваа на Еуро2020.

Чешкиот медиум Испорт Блеск ја објави листата со сумите кои ги заработуваат тренерите на репрезентациите на годишно ниво, а Мрме е на последно место со својот договор од 191.000 евра. Најплатен селектор е Јоаким Лев со повеќе од десет милиони евра заработка. Германецот исто како и Ангеловски стави крај на својата авантура која траеше 15 години како селектор на Германија.

Втор е актуелниот селектор на Франција, Дидје Дешамп кој добива над девет милиони евра од Француската фудбалска федерација, а потоа следуваат селекторите Герет Саутгејт (Англија), Франк де Бур (Холандија), Станислав Черчесов (Русија), Роберто Манчини (Италија) и Луис Енрике (Шпанија).

Извор: Испорт Блеск


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1