ММС

Објавено на: 07/2/21 3:11 PM

(Видео) Граничниот премин Меџитлија е отворен ама како да не работи

Граничниот премин Ники – Меџитлија беше отворен  ноќеска во еден часот по полноќ, по пауза од повеќе од една година, а од 22 јули годинава, пак,  беше затворен за секаков вид сообраќај.
ММС беше во посета на овој граничен премин,  а она  што го забележа нашиот фоторепортер, е празен премин, со слаб проток на возила, како да не работи.
-Денеска, иако е отворен,  има слаб проток на возила. Денес до 15 часот на овој граничен премин само  95  излегле од државава, а  55 поминале на влез, ни рекоа од граничните служби.
Од граничниот премин „Меџитлија“ велат и дека тоа е така затоа што граѓаните сеуште се подготвуваат за патување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1