ММС

Објавено на: 07/2/21 2:17 PM

Македонски и бугарски космонаут да го решат спорот во космосот, се шегува бугарскиот МНР Стоев

Добра идеја би било еден ден да има бугарски и македонски космонаут и заедно да ги решат прашањата во космосот, се пошегува денеска бугарскиот министер за надворешни работи, Светлан Стоев, одговарајќи на новинарско прашање при претставувањето на приоритетите на Словенечкото претседателство со ЕУ, во Софија.

Стоев алудираше на тоа дека отворените прашања меѓу двете земји треба да се решат билатерално, со директен дијалог меѓу двете страни, а не надворешно.

Тој истакна дека Бугарија е отворена за дијалог, но тој треба да биде конструктивен, добронамерен и да се заснова на доверба, која сега е изгубена.

– Довербата е изгубена поради тоа што македонските политичари претпочитат да ги „обиколуваат“ главните градови на земјите членки на ЕУ наместо да дојдат во Бугарија и да зборуваат со нас. Притисокот кој се обидоа да и го наложат на Бугарија преку нашите партнери во ЕУ не доведе до оваа ситуација. Крајно време е да се разбере дека најбрзиот пат да се реши ова прашање е двостраниот дијалог, рече Стоев потенцирајќи дека Бугарија не сака да внесе уште нерешен спор во ЕУ, бидејќи таму ги имало многу такви.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1