ММС

Објавено на: 07/2/21 11:29 AM

Модерна пристигнува во Македонија?

Министерот за здравство Венко Филипче и шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Рамадан остварија средба во Скопје по повод  донацијата на вакцини  Република Хрватска.  Вчера пристигна донацијата од 10.000 вакцини што од следната недела ќе бидат поделени во нашата земја.

– Причина за средбата е пријателскиот чин, а тоа е донацијата и веќе пристигнаа 10.000 вакцини на АстраЗенека во текот на вчерашниот ден. Тие од следната недела ќе бида дистрибуирани по вакциналните пунктови ширум земјата. Хрватската влада донесе уште една одлука да донира уште дополнителни 20.000 вакцини кои што ќе бидат или вакцини од АстраЗенека или на Модерна што ќе биде прва вакцина од оваа количина, соопшти Филипче и се заблагодари до хрватската влада за овој пријателски чин.

Хрватска се покажа добар менаџер која активираше многу механизми за време на пандемијата со ковид 19 истакна министерот за здравство.

– Драго ми е што денес сум во Скопје и со денешната донација со вакцините и докажавме на Македонија солидарност, наша одлучност и конкретна помош на свои најблиски соседи како поуспешно да ја победиме короната. Тука нашиот ангажман не завршува, вчера Хрватска на владината седница одлучи да обезбеди додатни 20.000 вакцини. Вакцинацијата е единствен излез за да ја победиме пандемијата со Ковид 19, истакна министерот за надворешни работи Рамадан.

Хрватска е првата земја која поддржа дигитален зелен сертификат од другите земји, истакна хрватскиот министер и додаде дека Хрватска е земја која е туристички ориентирана и сака туристите да се чуствуваат безбедно додека престојуваат во Хрватска.

Филипче изјави дека во вторник завршува вакцинацијата за сите оние кои се пријавија преку вакцинација.мк. Министерот истакна дека до вторник бројката ќе биде над 500 илјади граѓани.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1