ММС

Објавено на: 07/2/21 2:22 PM

Пет најмоќни намирници кои го забрзуваат метаболизмот: Одлични се за брзо и здраво слабеење

Колку се подолги интервалите помеѓу оброците, толку е поспор организмот, особено ако намирниците полни со влакна се исклучени од исхраната. Зборот метаболизам често се користи за да се опише брзината со која телото ги согорува калориите, а под тоа се подразбира брзината со која телото ја претвора храната во енергија, која пак, е неопходна за извршување на дневните функции.
Зошто е важно метаболизмот да се забрза?

Мит е дека послабите луѓе имаат брз метаболизам. Истражувањата покажале дека спориот метаболизам во повеќето случаи не е причина за обезност. Метаболизмот зависи од многу фактори, кои можеби никогаш не сте ги претпоставиле.

Имено, на некои од овие фактори може да влијаеме, но на некои и не. На пример, невозможно е да се влијае на староста – бидејќи колку сме постари, толку повеќе количината на масти се зголемува. Многу луѓе ги прескокнуваат оброците, бидејќи мислат дека така ќе ослабнат и ќе го забрзаат метаболизмот, а тоа е голема грешка бидејќи на тој начин уште повеќе го успоруваат. Кога ќе почнете нормално да се храните, метаболизмот останува успорен уште неколе време и тоа е причината зошто диетите генерално се неуспешни и кога ќе престанете со нив, можно е да додадете уште неколку килгорами плус. Организмот никогаш не „спие“ без оглед на тоа дали се движите или одморате, бидејќи енергијата му е потребна на телото дури и кога спиете. Затоа не пропуштајте ги оброците. Колку се подолги интервалите меѓу оброците, толку повеќе е спор метаболизмот.
Важно е да избегнувате одредена храна особено пржена, нездрави масти и благо.

Кои намирници го забрзуваат метаболизмот?

Јајца

Јајцата содржат есенцијални аминокиселини кои ги прават совршен протеин. Појадокот богат со протеини какца јајцата, ја зголемува ситоста и го забрзува метаболизмот за десет проценти.

Зелен чај

Зелениот чај докажано придонесува во топењето на килограмите и ја потпомага регулацијата на глукоза. Ова не е поради кофеинот кој го содржини, туку поради високата концентрација на природни антиоксиданти.

Авокадо

Авокадото има неутрален вкус и во последните години стана прилично популарно. Богато е со влакна и мононезаситени масти кои се здрави за срцето. Дополнителна предност е што масните киселини кои ги содржи авокадото го активираат метаболизмот.

Ореви

Оревите се одлични ако сакате да исчезнат масните наслаги од вашиот стомак. Една дланка ореви ќе овозможи да имате високо ниво енергија може да ги комбинирате и со јогурт и да додадете цимет.

Краставица

Краставиците се феноменални во согорувањето маси. Краставицата го забрзува метаболизмот, нејзините семки имаат стимулативни својства, а содржат и силициум диоксид, што придонесува во процесот на природно согорување на мастите во телото.

 

Извор:  telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1