ММС

Објавено на: 07/2/21 9:48 AM

Од синоќа од 21 часот отворени премините Дојран и Меџитлија

Ретка фрекфенција на возила од изутрината има на граничните премини кон грција, Дојран и Меџитлија кај Битола, кои беа отворни од грчка страна синоќа по 21 часот. Според инфромациите од премините, ќе работат 24 часа, како што е и праксата на ГП Богородица – Евзони.

Како што соопштиваат дежурните служби од премините од македонска страна, слабата фрекфенција веројатно се должи на претпазливоста на граѓаните, кои чекаат да се осигурат дека премините функционираат, па да почнат да ги користат. Ова од вчерашното искуство, кога грчката влада објави дека ги отвора премините, меѓутоа, во пракса се чекаше објавување на одлуката во Службен весник, па дури синоќа премините да се отворат.

Во меѓувреме, на ГП Богородица е насочен целокупниот сообраќај со патници и транспортери. Сепак, како што соопштуваат од дежурната служба, од македонска страна се чека колку да се завршат царинските оформалности, додека повеќе време одзема проверката на новите документи што од ова лето ги бара Грција.

Поголема фрекфенција имаш вчера, кога поради почетокот на одморските  смени, доминираа македонските и српските туристи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1