ММС

Објавено на: 07/2/21 8:13 AM

СЗО предупредува:ЕУРО 2020 го зголемува бројот на новазоболени од Ковид

Светската здравствена организација верува дека зголемувањето на коронавирусните инфекции во Европа е директно поврзано со напреварите од ЕУРО 2020. Само последната недела, бројот на инфекции по подолг пад нагло се искачи за 10%, пишува Би-Би-Си.

Не само што фудбалскиот шампионат е поврзан со зголемен број случаи – причините за ова се комбинација на фактори заедно со ширењето на нови видови на коронавирус, кои се карактеризираат со полесно и побрзо пренесување и бавно вакцинирање.

За илустреација е Шкотска. Здравствените власти минатата недела објавија нови 2.000 случаи со Ковид, кои вклучуваат луѓе кои присуствуваат на фудбалски натпревари на Европско првенство Околу 90% од случаите се мажи, а три четвртини од вкупниот број – 1470 случаи се на возраст меѓу 20 и 39 години. 397 Шкотланѓани кои присуствуваа на натпреварот на Вембли помеѓу Шкотска и Англија на 18 јуни беа позитивни на КОВИД.

Овие статистички податоци покренуваат многу прашања за тоа дали не се дозволени предвреме големи спортски настани и пристап на јавноста до нив.

Велика Британија регистрираше 26.068 нови случаи на Ковид во последните 24 часа, што е алармантно близу до статистиката од најсериозната криза на островот со 29-30.000 нови инфекции.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1