ММС

Објавено на: 07/1/21 8:02 PM

(ВИДЕО) Не пали ги стрништата, јавете се за бесплатно подигнување на остатоците од бербата

Доколку во овој период од годината се одлучите да запалите стрниште, имајте во предвид дека ризикувате да заработите казна од 200 евра, а исто така го доведуваш во опасност и животот на своите најблиски, ја загрозуваш животната средина, но и животот на животните, за да го избегнете ова погоре наведеното јавете се на телефонскиот број 02 274 44 49 за бесплатно подигнување на остатоците од бербата секој работен ден.
„Проблемот со загадувањето во Скопје за жал не може да се сведе на само еден причинител, туку на повеќе кои заеднички придонесуваат квалитетот на воздухот да биде под посакуваниот праг. Еден од тие фактори е и палењето на органскиот отпад од страна на земјоделците во обид да ја направат својата почва поплодна. Покрај тоа што овој пристап е контрапродуктивен бидејќи ја прави земјата понеплодна, дополнително чадовите одат во атмосферата и ја зголемуваат загаденоста, ризикувајќи го дополнително и здравјето на најблиските. Само заедно можеме сите да влијаеме загадувањето на воздухот да стане минато“, соопштуваат од Град Скопје.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1