ММС

Објавено на: 07/1/21 9:10 PM

Бил Козби насмеан излезе во јавност – адвокатката истетовира „Не е виновен“

Откако вчера излезе од затворот во Пенсилванија, бидејќи Врховниот суд ја поништи неговата пресуда за сексуално насилство, американскиот актер и комичар Бил Козби (83) за прв пат беше виден во јавноста – и тоа насмеан.

Коби после две години поминати во затвор, за прв пат се појави пред неговата куќа во Филаделфија, со адвокатката Џенифер Бонџин.

На фотографиите Козби е насмеан, а адвокатот самоуверена, со тетоважа на десната рака на која пишува „Не е виновен“, како знак на поддршка за клиентот.

Актерот одлежа само две, од три до десет години затвор, на што првично беше осуден, откако беше прогласен за виновен за дрогирање и малтретирање на поранешната кошаркарка Андреа Констанд.

По ослободителната пресуда, Козби вчера пристигна во неговиот дом во Филаделфија, со насмевка на лицето, придружуван од полицијата. Веднаш по излегувањето од автомобилот, тој ја крена раката пред камерата во знак на победа.

Извор: Б92.нет


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1